[ФОТО] Како изгледа денес најпопуларниот пар од серијата „Беверли Хилс“? По 35 години се појавија заедно на црвениот тепих

Точка

03/12/2025

11:51

1.863

Големина на фонт

а а а

Речиси и да нема личност која не ја гледала оваа култна серија, а да не го запаметила шармантниот пар којшто мамел воздишки и кај машката и кај женската публика.

Ѕвездите од култната серија „Беверли Хилс“, Тори Спелинг и Брајан Остин Грин, се појавиле по 35 години заедно на црвениот тепих во текот на божиќната парада во Холивуд. Тие го играа популарниот пар во серијата, Дона Самерс и Дејвид Силвер.


Иако многу од фановите се надеваа дека серијата ќе добие свое продолжение, всушност тоа нема да се случи. Причината е јасна, двајцата актери кои биле заштитен знак на серијата, Бренда и Дилан повеќе не се меѓу живите, а без нив серијата не би била иста.

Сепак, тоа не го намалува фактот што Тори и Брајан предизвикале воодушевување откако биле фотографирани заедно, после толку години додека позирале пред фотографите и се смешкале држејќи се за раце како некогаш.


Тори воодушевила со младоликиот изглед и нема кој не забележал дека ја задржала совршената линија на тело која смело ја истакнала со црвените панталони и тесната црна маица под која носела бела маица со долги ракави. Малку откачено издание за црвениот тепих, но тоа е всушност таа, Тори која многумина ја обожаваа во текот на 90-тите.

Брајан овојпат останал верен на својот класичен стил, а изборот паднал на црн џемпер и фармерки. Иако поминаа години се чини дека носталгијата по овој прекрасен пар не престанува, а погледите на сите биле насочени кон нив.


Тори признала дека по емитувањето на последните епизоди во 2000-те, Брајан не го видела речиси две децении. Нивните животи имале различни насоки, па сега ѝ е многу драго што повторно имала можност да се присети на тие прекрасни времиња.