По заканата на Трамп дека САД би можел да го преземе Гренланд, Данска формираше специјална „ноќна стража“ – тим којшто будно ќе следи сѐ што се случува во Вашингтон додека останатиот дел од земјите спијат.
Заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека би можел да ја преземе територијата на Гренланд, ја навела Данска да воведе посебни безбедносни мерки, доцни брифинзи за известување кои потсетуваат на популарната стража од „Игра на тронови“.

Данска во Министерството за надворешни работи формирала т.н. „ноќна стража“, не за да се бори против негативците од серијата туку за во текот на ноќта да ги следи изјавите и движењата на Доналд Трамп додека Копенхаген е во сон.
Овие дежурства започнуваат секој ден во 17 часот по локално време, а во седум часот наутро се подготвува извештај којшто се проследува во Владата на Данска и релевантните институции, пренесува „Политикен“.
Се смета дека оваа пракса е воведена по дипломатскиот конфликт меѓу Данска и САД во текот на пролетта, кога Трамп најавил дека би сакал да преземе контрола над Гренланд.
Според „Политикен“, „ноќната стража“ е само еден начин на којшто данската дипломатија и државната управа мора да ги приспособат своите услови под другата администрација на Трамп.

Извор близок до данското Министерство за надворешни работи рекол дека ситуацијата околу Гренланд и временската разлика меѓу Данска и САД биле клучни причини за воведување на овие мерки.
Јакоб Карсбо, некогашниот главен аналитичар на данскиот одбранбен-известувачки сектор, оценил дека оваа ситуација покажува дека „отсекогаш се знаело“ за идејата дека САД е најголемиот и најдоверлив сојузник на Данска, одамна е минато.











