Интересна кампања на евроска земја: Сака на туристите што ја посетуваат да им биде „здодевно“

Точка

28/11/2025

10:30

302

Големина на фонт

а а а

Шведска ги охрабрува туристите да патуваат во таа земја во потрага по здодевност.

Туристичката организација започнала кампања која промовира „забавени“ патувања и бенефитите кои доаѓаат со фактот да немате никакви планови за време на одморот.

Според истражувањата на кои се повикува Шведска, здодевноста му помага на мозокот да закрепне од сложеноста на секојдневниот живот, а истовремено се претставува како совршено место за бегство.


Како една од најретко населените европски земји, со огромни шуми и бројни езера, како што велат од „Visit Sweden“, Шведска е идеално место за спиење, релаксирање и размислување.


„Има многу нешта што можеш да ги правиш во Шведска, но едно од најдобрите е да дојдеш тука, да ја прифатиш тишината и – да бидеш здодевен“, изјави раководителката на „Visit Sweden“.


Здодевноста за која зборуваат Швеѓаните не мора да значи дека за време на посетата на земјата не правите апсолутно ништо – туку мирен или побавен одмор: дигитален детокс, престој во природа, колиба во шума.


Помеѓу опциите што ги предлагаат се: одење во поодалечена колиба, набљудување на ѕвездите на северот (во Лапонија), прошетки низ снег и побавни зимски излети.


Исто така тука е и можноста за истражување на традиционалната храна (како бела риба на скара, чаден суовас), релаксирање со ладни капења во спа-хотели или капалишта, или лежерни возења по долгите патишта (како што е рутата позната како „Blue Highway“ која ги поврзува Шведска, Норвешка и Финска).



Целта на кампањата е наместо брзи, исполнети авантури, привлекување на туристи кои сакаат побавен „wellness & slow travel“ одмор, со помалку обврски, повеќе мир и можност за одморање на мозокот.