[ФОТО] Ефектен стајлинг во бојата на страста и огнот: Нина Бадриќ воодушеви во мини-фустан којшто ја издолжува сечија фигура

Точка

28/11/2025

09:19

682

Големина на фонт

а а а

Пејачката Нина Бадриќ е позната по своите впечатливи модни изданија, а најновиот стајлинг го споил гламурот, минимализмот и елеганцијата на најдобар можен начин.

Нина Бадриќ е една од најбараните пејачки во регионот, позната по својот неверојатен глас, но и секогаш елегантниот изглед.

Нејзиниот стил би можеле да го опишеме како женствен, шик и префинет, а Нина со своите модни комбинации може да ги инспирира и младите жени и девојки, со еднобојни класични парчиња да направат непогрешливи стајлинзи.

Нина е многу активна и на социјалните мрежи, па често ги радува своите фанови со модните изданија и служи како вечна мотивација и доказ дека „помалку секогаш може да биде повеќе“.

Таа неодамна за еден настан избрала да носи модно издание кое го спојува гламурот, елеганцијата и дава доза на модерен минимализам. Станува збор за црвен мини-фустан којшто е со асиметричен крој, а привлекла внимание и со драматично скулптуралните линии.

Истакнатиот горен дел од фустанот ги открива рамениците и го следи телото, а од струкот фустанот лесно се шири како балон.

Фустанот којшто пејачката избрала да го прикаже е со богата текстура на материјали и волуменозен горен дел којшто создава софистициран ефект.


Нина Бадриќ одлучила да носи монохроматско издание, па така со овој фустан искомбинирала црвени хулахопки во иста нијанса на фустанот, како и црвени лакирани сандали со отворена пета.

На овој начин уште повеќе ја издолжила фигурата и ја истакнала смелоста на целата модна комбинација.

Ви се допаѓа ли стајлингот на Нина Бадриќ?