Намирница која чини околу 40 денари, а е одлична за крвниот притисок – еве како влијае на мозокот и срцето

Точка

28/11/2025

08:37

919

Големина на фонт

а а а

Доктор Мајкл Мозли којшто во текот на својата кариера често гостувал на британскиот „Канал 4“, говорел за тоа како една супернамирница влијае на зголемениот крвен притисок и воспаленијата во организмот.

Станува збор за цвеклото, намирница која има бројни здравствени предности. Цвеклото е богато со нитрати кои во телото се претвораат во азот-оксид, а овој процес помага во ширење на крвните садови и го подобрува протокот на крв, што може да го намали ризикот од срцев или мозочен удар.


„Цвеклото содржи голема количина нитрати. Бактериите во плунката ги претвораат во азот-оксид, што придонесува во ширењето на крвните садови и подобар доток на крв во екстремитетите“, објаснува експертот и додава дека уште античките Грци и Римјани верувале во неговите лековити својства.

Според достапните студии, дневната доза на сок од цвекло може да има значаен ефект на крвниот притисок. Неколку седмици секојдневно консумирање доведува до примарен пад на просечните вредности на притисокот, што долгорочно може да влијае на намалување на ризикот од сериозни кардиоваскуларни проблеми.

Редовната употреба на цвеклото се покажала како корисна и за функционирање на мозокот. Истражувањата укажуваат дека комбинацијата на сок од цвекло и физичка активност може да го подобри протокот на крв во деловите на мозокот задолжени за движење, па учесниците кои вежбале и пиеле сок имале поактивна моторичка мрежа, слична на оние кај младите лица.


Заклучок на експертите: сокот од цвекло може да придонесе во здравјето на срцето, подобар притисок и чување на мозочните функции, па се препорачува како едноставна, природна поддршка на организмот.