[ВИДЕО] Заборавете го капучиното: Функционалното кафе е сè попопуларно – еве каков ефект има врз организмот

Точка

27/11/2025

14:04

408

Големина на фонт

а а а

Функционалното кафе стана еден од најбрзо растечките трендови во светот на исхраната и здравиот начин на живот.

За разлика од класичната шолја кафе, која се пие првенствено поради вкусот и енергијата, функционалното кафе е збогатено со дополнителни состојки како што се адаптогени, витамини, минерали или растителни екстракти со цел да се обезбеди конкретна здравствена или перформансна корист. Оваа комбинација од традиционален пијалак и современи нутритивни пристапи привлекува сè поголем број потрошувачи кои сакаат да ги подобрат своите секојдневни рутини на едноставен и природен начин.

Зак Хадад го започнува денот со шолја кафе зачинето со лавовска грива – вид печурка – веќе три години.


Тој вели дека тоа му дава „навистина јасно, фокусирано чувство“, без „ненадејниот скок и пад на енергијата што понекогаш го добивате од силното кафе“, објавува Би-би-си.

Кафињата подготвени со дополнителни состојки како што се печурки, протеини и колаген се познати како „функционални кафиња“ – и тие имаат за цел да им обезбедат на потрошувачите придобивки коишто го надминуваат вообичаениот кофеински поттик.

Со години, биле познати како производи што можат да се видат на полиците на продавниците за здрава храна, но во последно време сè почесто се појавуваат и во кафулињата на главните улици.

Зак го отворил сопственото кафуле во кафуле во Чорлтон кон крајот на 2023 година, каде што нуди четири различни видови прашок од печурки, за кои вели дека имаат различни придобивки.

Купувачите можат да платат дополнителна 1 фунта за да додадат прашок од печурки или колаген во пијалакот, од лате до капучино.

„Се смета дека кафето направено со печурки како лавовска грива, реиши и чага им дава на луѓето подобар фокус 'без нервоза отколку обичното кафе'“, вели нутриционистката Ели Бречер, иако напоменува дека истражувањата сè уште се во тек.


Во текот на изминатата година, како што растела побарувачката, синџирот за здрава храна „Холанд енд Барет“ речиси го удвоил својот асортиман на кафиња со печурки, изјавиле за Би-би-си.

Дури и „Марк енд Спенсер“ почна да продава лате со лавовска грива во своите кафулиња во продавниците.

Гигантот за кафе „Старбакс“ почна во септември да продава протеинско кафе, користејќи млеко богато со протеини и ладна пена.

Истражувачката компанија „Тејствајз“ (Tastewise) го наведува функционалното кафе како еден од главните трендови за 2026 година.

„Функционалните кафиња преминуваат од „велнес“ агли во мејнстрим“, велат од компанијата.

Синџирот за кафе „Блек шип“ веќе извесно време нуди лажички протеински прашок и CBD како додатоци во своите пијалаци, но претходно оваа година ја лансираа својата линија лате за „функционално здравје“.

Едното, кое содржи пребиотски влакна, има за цел да го подобри здравјето на цревата.

Другото, со колаген, е наменето за кожата.


Но, латето со лавовски грива е нивниот најпродаван пијалак, вели Бен Фентон, нивниот директор за операции.

Маријам Бегум (31) секој ден пие кафе со додаток колаген. Понекогаш додава и протеински прашок.

Таа ги прави дома со колаген што го купува преку интернет или купува ладно кафе или „флет вајт“ (flat white) со колаген или протеини во кафулето во близина на својот дом во Лондон.

Лорен Девлин, поранешна натпреварувачка во кревање тегови, со години секојдневно пие и кафе и протеински шејкови. Но, пред околу пет години, 38-годишната жена почнала да ги комбинира двете.

Сега таа купува инстант кафе кое содржи колаген и протеински прав преку интернет и го прави дома, што, како што вели, ја прави „посита подолго“ од обичното кафе.


Ана Ричардсон, која живее во Кардиф, вели дека кафето со лавовска грива ѝ дала чувство како нејзиниот мозок „едноставно да проработил“ ѝ е полесно да се фокусира на едно работа откако ќе го испие.

Неодамна, Ана пробала и кафе со ашваганда.

„Будна сум, но не сум нервозна“, рекла таа за тој пијалак.