Студијата следела повеќе од 51.000 породувања, вклучувајќи 4.409 случаи во кои мајките имале абнормални нивоа на хормонот на тироидната жлезда пред бременоста, за време на бременоста и во двата случаи.
Нерегулираните хормони на тироидната жлезда за време на бременоста кај мајки кои имале нарушување на функционирањето на тироидната жлезда пред бременоста можат да го зголемат ризикот од аутизам кај детето, соопштија истражувачите.
Иако соодветно третираното хронично нарушување на тироидната жлезда не ја зголемило веројатноста за дијагноза на аутизам кај децата, трајните хормонални нерамнотежи во текот на неколку тримесетри го зголемиле ризикот, изјави раководителот на студијата Идан Менаше од Универзитетот „Бен-Гурион“ во Негев во Израел.
Студијата следела повеќе од 51.000 породувања, вклучувајќи 4.409 случаи кај кои мајките имале абнормални нивоа на хормонот на тироидната жлезда пред бременоста, за време на бременоста или во двата случаи, пренесе Ројтерс.

Се' додека постоечката дисфункција на тироидната жлезда била соодветно контролирана, таа не била значајно поврзана со поголем ризик од аутистичен спектар на нарушувања, според извештајот во „The Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism“.
Исто така, нарушувањето на функционирањето на тироидната жлезда кое започнало за време на бременоста не го зголемило ризикот.
Меѓутоа, нарушувањето на функционирањето на тироидната жлезда кое било присутно и пред и за време на бременоста бил повеќе од двојно поврзан со поголем ризик од аутизам.
Ова особено се однесувало на жени со намалена функција на тироидната жлезда и последично ниско ниво на хормонот на тироидната жлезда.

Колку што периодот на хипотиреоза бил подолг, ризикот од аутизам бил поголем, а веројатноста била повеќе од трикратно зголемена кога нивоата на хормонот биле ниски во сите три триместри од бременоста.
Мал број на жени вклучени во студијата имале зголемена функцијата на тироидната жлезда, па таа група не била посебно анализирана.
Авторите наведоа дека мајчините тироидни хормони се клучни за развојот на мозокот на фетусот.
„Овие наоди ја нагласуваат потребата од рутинско следење и навремено приспособување на терапијата со цел да се одржат нормални нивоа на тироидни хормони за време на бременоста“, рече Менаше.






