Имате проблем со замастен црн дроб? Со овие намирници можете да ги ублажите симптомите

Точка

22/11/2025

12:21

682

Големина на фонт

а а а

Црниот дроб е вториот најголем орган во телото и има клучна улога во бројни процеси. Освен што учествува во детоксикацијата, тој ги преработува нутриентите, ја филтрира крвта, ги метаболизира лековите, произведува жолчка и хемикалии неопходни за згрутчување на крвта. Исто така, значајно влијае врз регулирањето на шеќерот во организмот.

Проблемите настануваат кога во црниот дроб се наталожуваат масни наслаги, што може да биде последица на прекумерна телесна тежина, покачен шеќер во крвта или високи триглицериди. Овие наслаги може да предизвикаат воспаление, кое со текот на времето носи сериозни последици по здравјето – слични на оние предизвикани од алкохол.

Ова се намирниците што можат да помогнат кај замастен црн дроб:

Куркума: Помага во варењето масти и го намалува наталожувањето маснотии во црниот дроб. Половина лажичка куркума измешајте со топла вода или млеко и пијте 2 – 3 пати дневно.

Лимон: Богат со витамин C и антиоксиданси кои ја поддржуваат детоксикацијата. Вода со лимон 2 – 3 пати дневно може да ја намали воспаленоста на црниот дроб.


Напиток од јаболков оцет: Го поддржува слабеењето и намалувањето на маснотиите во црниот дроб. Измешајте една лажица јаболков оцет со една лажичка мед во топло млеко и пијте пред оброк.

Зелен чај: Содржи антиоксиданси кои го поддржуваат метаболизмот на масти, ја подобруваат дигестијата и го намалуваат ризикот од заболувања на црниот дроб.

Глуварче: Растение што ја подобрува функцијата на црниот дроб и му помага да ги метаболизира наталожените маснотии. Направете чај од една лажичка глуварче и пијте по една чаша дневно. (Луѓето со дијабетес треба да бидат внимателни.)


Папаја: Плодот и семките од папаја придонесуваат за согорување масти и подобрување на функцијата на црниот дроб.

Протеини: Храна богата со протеини – риба, пилешко, јајца, соја, мешунки – помага во одржување здрава телесна тежина.

Млеко и млечни производи: Обрано млеко, јогурт и сирење обезбедуваат важни нутриенти без да го оптоварат црниот дроб.