Нашите секојдневни навики имаат поголемо влијание врз здравјето отколку што мислиме. Ако се храниме урамнотежено, редовно вежбаме, доволно спиеме и знаеме како да го управуваме стресот, повремена брза храна нема да ни наштети.
Но, ако поголемиот дел од времето живееме нездраво, ни еден „добар ден“ тоа не може да го надокнади. Добра вест е дека никогаш не е доцна за промена, кардиолозите истакнуваат дека постои едноставен, пријатен и ефикасен утрински ритуал кој особено го препорачуваат на жени постари од 50 години.

Зошто здравјето на срцето е клучно по педесеттата?
Грижата за срцето е важна на секоја возраст, но по педесеттата станува клучна. Кардиологот д-р А. Гарви Рене предупредува дека со годините расте ризикот од срцев и мозочен удар, како и од заболувања на бубрезите. Поради тоа секоја личност постара од 50 години треба редовно да го проверува крвниот притисок и нивото на шеќер во крвта, уште пред да почне да воведува нови навики.
Со него се согласува и кардиологот д-р Марк Т. Лофман кој истакнува: „До петтата деценија од животот почнуваме да забележуваме значително зголемување на здравствените последици од лошото кардиоваскуларно здравје како срцев удар, мозочен удар и заболувања на бубрезите. Во повеќето случаи, преземањето чекори за приоритетизација на здравјето на срцето може да помогне во минимизирање, одложување или избегнување на овие компликации.“
Тој додава дека редовните, сеопфатни прегледи се неодминлив дел од превенцијата.

„Тоа не значи само рутински преглед, туку заедничка работа на вашите индивидуални ризик-фактори и следење на комплетни податоци за здравствениот скрининг“, истакнува д-р Лофман. Таквите прегледи треба да вклучуваат и разговори за исхраната, физичката активност и животните навики.
Најдобриот утрински ритуал за срцето
Според д-р Рене, секоја жена постара од 50 години треба да го започне денот со пешачење. „Брза прошетка од 20 или 30 минути е одличен начин за заштита на вашето срце“, истакнува тој.
Американската асоцијација за срцето препорачува најмалку 150 минути умерена активност неделно, што лесно може да се постигне со кратка прошетка секое утро. Иако 20 минути делува малку, редовноста е она што носи вистински резултати.
Според упатствата на Американската асоцијација за срцето, брзото одење значи темпо од најмалку 4 км/час, темпо доволно брзо за вашето срце да забрза, но сепак да можете да разговарате. Многу истражувања покажале дека редовното пешачење:
• Го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

• Го подобрува регулирањето на шеќерот во крвта.
• Го намалува ризикот од дијабетес тип 2 и деменција.
• Го продолжува животниот век.
Покрај физичките придобивки, одењето на отворено докажано го намалува стресот, а токму тоа, истакнува д-р Рене, дополнително помага во зачувувањето на здравјето на срцето.










