[ВИДЕО] Борбен авион се урна на аеромитинг во Дубаи

Макфакс

21/11/2025

13:47

263

Големина на фонт

а а а

Индиски борбен авион „Теџас“ се урна денеска за време на аеромитинг во Дубаи, при што загина неговиот пилот, соопштија индиските воздухопловни сили (IAF).

Борбениот авион летал на ниска надморска височина околу 14:15 часот по локално време пред да се сруши и да експлодира во огнена топка, според сведоци. Снимките од местото на настанот покажуваат црн чад што се издига од зад оградената писта.

„Формиран е истражен одбор за да се утврди причината за несреќата“, соопшти IAF.

Ова е втор познат пад на борбен авион кој е напојуван од мотори на „Џенерал Електрик“ и е клучен за напорите на Индија да ја модернизира својата флота на воздухопловните сили, која е составена претежно од руски и поранешни советски борбени авиони. Првата несреќа се случи минатата година за време на вежба во Индија.

Несреќата се случи на последниот ден од најголемиот авијациски настан на Блискиот Исток, кој започна во понеделникот.