Кина неодамна ја „здрма“ меѓународната сцена со откритие на огромно наоѓалиште на злато во провинцијата Лиаонинг, на североистокот од оваа азиска земја. Ова наоѓалиште содржи околу 1.000 тони злато и претставува едно од најголемите откритија во историјата.
Привлечноста на ова наоѓалиште кое се смета за старо илјада години, а откриено кон крајот на 2024 година, лежи во неговата големина и богатството на рударскиот слој.
Покрај тоа, станува збор за подрачје кое се протега на повеќе километри и кое, според мислењето на експертите, поради геолошките карактеристики на регионот се смета за лесно достапно за експлоатација.

Експертите утврдиле дека во секој бунар било пронајдено злато, што укажува на висока концентрација на овој минерал. До овој успех дошле благодарение на стратегијата на истражувањата во кои во текот на претходната година комбинирани биле општи и детални методи за процесот на откритието дополнително да се унапреди.
Откритие на милениумот
Ова историско откритие на рудникот на злато се смета за позитивен резултат на технолошките методи кои кинеската влада последниве години ги применува. И, не станува збор за изолиран случај – пред неколку месеци во провинцијата Хунан откриено било уште едно наоѓалиште со слична големина и еднакво голем потенцијал.
Експертите за ова минерално богатство тврдат дека рудникот на злато во Лиаонинг содржи околу 40 златоносни жили и длабочина поголема од еден километар. Станува збор за структура која би можела да содржи злато во вредност од околу 80 милијарди долари.
Значењето на златото за Кина
Во последниве години златото, како минерал којшто симболизира акумулација на богатство, за Кина станало исклучително важен ресурс во светлото на геополитичките тензии.
Овој племенит метал е од клучно значење не само за меѓународните девизни резерви и стабилност на валутата туку и за високотехнолошките сектори, како што се произведувањето батерии и електронски уреди.

Различни експерти, вклучувајќи ги и оние од Светскиот совет за злато („World Gold Council“), предупредуваат дека првобитните податоци мора да бидат дополнително проверени и дека потребно е да се процени исплатливоста на експлоатацијата.
Процените за обемот и достапноста сѐ уште чекаат потврда низ независни студии.











