[ФОТО] Оваа европска земја затрупана во снег: Патиштата блокирани, на сила жолт метеоаларм!

Точка

21/11/2025

18:49

1.166

Големина на фонт

а а а

Француските метеоролози за денес издале жолт метеоаларм поради појавата на обилен снег во државата, пренесуваат локалните медиуми.

Сообраќајот денеска се одвивал тешко откако синоќа паднал обилен снег на планинскиот Централен Масив, Нормандија и во близина на Пиринеите, пренесува телевизија „BfM“.

Возачите се предупредени на максимална внимателност во пределот на Лоаре, соопштила Управата за патишта во регионот централен Масив во јужниот и централниот дел на земјата.

Националниот автопат N88 којшто ги поврзува Лион и Тулуз е блокиран кај местото Сент Етјен, откако дошло до бројни застои.

Во Лоаре условите за возење се многу отежнати во повеќе градови, меѓу кои и Ле Пертуи.

Како што се наведува, сообраќајот е отежнат и на автопатиштата N122, А89 и А6...

Кога станува збор за Нормандија, метеоролозите наведуваат дека најмногу снег наврнало во Сен-Женевиев-де-Боа, а снежната покривка изнесува 5 сантиметри.

Како што предупредиле метеоролошките служби, снегот денес се очекува и во пониските предели, особено во централниот и источниот дел на Франција.