[ФОТО] Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана: Одлична прилика за зајакнување на напорите за приближување кон ЕУ

Макфакс

21/11/2025

11:48

291

Големина на фонт

а а а

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија, присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“.

„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, вели Мицкоски.

Денес присуствувам на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“, кој се одржува во Тирана, Албанија. Овој значаен собир...

Posted by Hristijan Mickoski on Friday, November 21, 2025

Тој додава дека нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан.