[ФОТО] На доставувач му се вклучила лампа во комбето: Под хаубата открил неочекуван „виновник“

Точка

21/11/2025

08:58

1.853

Големина на фонт

а а а

Една млада лисица преживеала неверојатна авантура откако завршила заглавена во моторниот простор на возило за достава на Амазон.

Вознемирената женка била забележана од шокираниот возач дури откако го прегризла кабелот, поради што на контролната табла се активирало предупредување.

Потоа возачот застанал и ја отворил хаубата, каде што го открил животното заглавено во загреаниот мотор за време на неговата доставна рута.


Тој потоа контактирал со службата за спасување животни, па спасувачите од оваа организација го извлекле исплашеното животно со помош на специјални фаќачи.

По спасувањето, малата лисица била префрлена во ветеринарната амбуланта на преглед.

И покрај вознемирувачкото искуство, ветеринарите рекле дека нејзините повреди за среќа биле мали: исеченица на опашката, мала изгореница на задната нога, како и оток и модринки од сплескување на мала површина. Таа била третирана со антибиотици, а исто така примила и терапија против болви и шуга.


Откако ќе закрепне, што се очекува да трае околу еден месец, таа ќе биде пуштена во дивината, пишува „Бирмингем мејл“.