Ова попладне сите очи на светската спорстка јавност ќе бидат вперени кон Цирих, град во кој ќе се одржи ждрепката за баражот за мундијалот кој ќе се одигра наредната година.
Досегашните квалификации донесоа загарантирано место за 42 селекции, а уште 6 репрезентации ќе обезбедат пласман на најважниот фудбалски настан преку плејофот.
Македонија вторпат во низа ќе биде дел од еден бараж за Светско првенство и успеа во тоа благодарение на резултатот кој го оствари во Лигата на нации, ни поради фактот што не избори второ место во квалификациската група, стартната позиција во баражот ни е од четвртиот шешир.
Македонија ќе чека ривал од последниот квалитативен шешир, а тоа значи дека денеска на ждрепката ќе добиеме еден ривал од селекциите на Италија, Данска, Турција или Украина.
Ждрепката во Цирих ќе започне во 13:00 часот ќе се состават четири групи кои ќе бидат сочинети од полуфинални и финални натпревари, што значи дека Македонија ја делат два натпревари од Светско првенство.
Македонија ќе биде гостин на полуфиналето против една од репрезентациите кои важат за носители, а доколку направи големо изненадување, нашата селекција ќе вкрсти со некоја од репрезентациите од вториот и третиот квалитативен шешир.
Покрај Европскиот бараж, денеска ќе се влече ждрепка и за интерконтиненталниот бараж, а од тоа разигрување ќе добиеме уште два патници за Светското првенство, покрај оние четири од стариот континент.
Изглед на шеширите пред ждрепката за баражот:
Шешир 1: Италија, Данска, Турција, Украина
Шешир 2: Полска, Велс, Чешка, Словачка
Шешир 3: Ирска, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово
Шешир 4: Македонија, Шведска, Романија, Северна Ирска







