Македонија доби скандинавски предизвик во баражот за СП: Ако победи, ќе гостува во Чешка или Ирска

Дерби

20/11/2025

14:06

631

Големина на фонт

а а а

Македонската фудбалска репрезентација вторпат во низа ќе биде дел од бараж за Светско првенства, а судбината посака нашиот нациоанелн тим да се падне со ривал кој игра допадлив фудбал веќе неколку години наназад.

Марко Матераци беше задолжен за извлекување на европските баражи за пласман на фудбалскиот мундијал во друштво на Мартин Далин, па така рацете на славниот италијански стопер и оние на Швеѓанецот одлучија Македонија да биде извлечена како последна од четвртиот квалитативен шешир и да вкрсти со селекцијата на Данска.

Македонија избегна нова пресметка со Италија која на хартија е најдобар тим од првиот квалитативен шешир, па откако беше извлечена Данска, автоматски ги дознавме и потенцијалните ривали за финалето.


Во кругот селекции на Данска и Македонија се најдоа уште Чешка и Ирска, што значи дека нашиот најдобар национален тим ќе вкрсти со Чесите или Ирците доколку оставри победа во Копенхаген.

Денешната ждрепка ги одреди и домаќините за финалињата во баражот, а извлекувањето посака Македонија да биде гостин и на вториот натпревар доколку успее да ја изненади Данска.

Полуфиналињата се играат на 26-ти март, додека финалињата во баражот се закажани на 31-ви март наредната година.