Меси доби специјална награда и се расплака од пораките на навивачите на Барселона

Дерби

20/11/2025

11:22

175

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси неодамна направи интервју за каталонски „Спорт“ преку кое одново ја потенцираше љубовта која ја чувствува кон Барселона и „Камп Ноу“, а сега главниот директор на познатиот весник одлета дури до Мајами за да му врачи специјална награда на аргентинскиот маестро.

Жоан Вехилс му додели награда која не означува некаков спортски успех, индивидуално признание за постигнати голови или слично, туку станува збор за признание кое најдобро ја опишува неговата врска со градот од кој беше дел од 12-годишна возраст.

Меси е избран за најсакан фудбалер во историјата на Барселона од страна на фановите, па за време на средбата, на Лео му биле прикажани и пораки од навивачите кои се уште не можат да се помират со неговото заминување.

Аргентинецот не останал рамнодушен и се трогнал од пораките со кои му се искажува љубов, а на крајот дал и своја изјава за врската која ја има со Барселона.

– Вистината е дека пројдовме толку многу работи заедно, добри и не толку добри. Нормално е во текот на една кариера да има и тешки моменти. Но добро, Барселона е мојот дом, моето место, тоа се моите луѓе. Сакав цела моја кариера да ја минам таму, да не требаше да барам друг клуб, да ја минев цела кариера во Европа…..

– За жал, работите се одвиваа поинаку од тоа, но засекогаш ќе останат запаметени убавите моменти кои ги поделивме заедно. Благодарен сум за оваа награда. Јасно е дека еден ден ќес е вратам во Барселона, ќе дојдам на стадионот како навивач плус, ќе го следам мојот тим и мојот клуб. Засега ќе останам во Мајами уште неколку години, тоа е сигурно, но сигурно е дека ќе се вратам и во Барселона. Еден ден повторно ќе бидам таму, – изјавил Меси.