Саха ја посочи реалната цел која треба да си ја постави Јунајтед за актуелната премиерлигашка сезона

Дерби

20/11/2025

11:21

137

Големина на фонт

а а а

Луис Саха како поранешен напаѓач на Манчестер Јунајтед нема големи очекувања од актуелниот тим на Рубен Аморим кога е премиерлигашкиот врв во прашање, но Французинот сепак постави цел која мора да биде реализирана од страна на португалскиот стручњак и неговите фудбалери.

Јунајтед зад себе остави историски лоша сезона и поради истата не игра европски фудбал оваа сезона, па според Саха, тоа треба да биде прва мисија во сезоната во која Аморим доби и посакувани засилувања.

Саха смета дека реална цел за Јунајтед треба да биде враќање во Европа, односно обезбедување на топ 5 пласман во Премиер лигата, нешто што според него би можело да важи како успешна сезона.

– Јас не сум голем фан на Арсенал и не знам дали ќе успеат да ја освојат титулата. Ќе биде тешко, но ако се извлекуваат заклучоци од досега виденото, би рекол дека се издвојуваат. Можеби Челси може да изненади со серија на добри резултати и да се вклучи во битката, а Манчестер Сити и Ливерпул секогаш ќе бидат тука, блиску до првото место.

– Исто така, се надевам дека цел на Манчестер Јунајтед оваа сезона е враќање во Европа. Ако почнеме да гледаме добри резултати во континуитет, Јунајтед треба да се врати во Европа. Тие дефинитивно не се кандидати за титулата, но гледам како завршуваат во топ 5 оваа сезона, – изјави Саха, кој состави и листа од топ 6 за крајот на сезоната: Арсенал, Челси, Манчестер Сити, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.