Мала, но исклучително развиена европска држава – најдобра за живеење: Висок стандард, моќна економија, огромна безбедност

Точка

20/11/2025

19:46

1.035

Големина на фонт

а а а

Местото број еден за живот е – Луксембург. Оваа мала, но исклучително развиена европска држава повторно се искачи на врвот на глобалната листа за квалитет на живот, потврдувајќи го статусот на една од најсредените земји на светот.

Според најновиот индекс на квалитет на живот на платформата „Numbeo“, Луксембург трета година по ред е лидер, што е импресивен подвиг за држава со околу 672.000 жители.

Иако територијално спаѓа меѓу најмалите земји во Европа, Луксембург веќе со години се позиционира како простор со висок стандард, моќна економија, исклучителна јавна безбедност и хармоничен однос меѓу животот и работата.


Интересно е што пред само три години Луксембург бил на 13 место, што говори за забрзаното подобрување на условите на живот и растот на општата благосостојба.

„Numbeo“ ги рангирал државите врз основа на низа параметри кои директно влијаат на секојдневниот живот: куповна моќ, трошоци за живот, достапност за живеење, безбедност, здравствени и климатски услови.

Кога тие елементи ќе се земат предвид, европските земји традиционално доминираат, но на самиот врв годинава се случиле неколку интересни промени.

Северот на Европа и натаму е во предност, потврдувајќи ја репутацијата на регионот со најстабилните општествени модели на светот.

Данска е рангирана како трета и, и натаму претставува златен стандард на социјалната безбедност и ефикасни јавни администрации. Холандија го зазела второто место, благодарение на високите оцени во инфраструктурата, квалитетот на здравствената заштита и општата животна удобност. Финска и Норвешка, земјите со исклучителен образовен и социјален систем, исто така се наоѓаат на врвот, Финска е на шестото место, Норвешка на седмото, потврдувајќи дека нордискиот модел останува речиси најдобар.


Швајцарија е вечен фаворит кога станува збор за западот, безбедноста и уредноста. Стабилност, високи приходи и врвни стандарди на јавните услуги ја прават Швајцарија една од земјите со најквалитетен секојдневен живот на планетата.

Интересно е појавувањето на Оман на четвртото место, што покажува дека квалитетот на животот повеќе не е исклучиво резервиран за западна Европа. Ова искачување на Блискиот исток на глобалните листи во последниве години е сѐ поизразено.

Во првите десет рангирани се наоѓаат и Германија и Австрија, двете централноевропски држави кои стабилно го одржуваат високиот рејтинг благодарение на комбинациите на моќната економија, високиот животен стандард, ефикасно здравство и безбедност.

Исланд го зазема осмото место и останува пример за држава која е малубројна, но исклучително добро организирана, со една од највисоките стапки на општествена еднаквост и квалитетна рамнотежа меѓу животот и работата.


Топ 10 земји по квалитет на живот:

10. Германија;
9. Австрија;
8. Исланд;
7. Норвешка;
6. Финска;
5. Швајцарија;
4. Оман;
3. Данска;
2. Холандија;
1. Луксембург.