Tурција подготвена да разговара со Русија за предлози кои би можеле да го забрзаат прекинот на огнот

Макфакс

19/11/2025

20:18

142

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека преговорите во Истанбул претставуваат важна пресвртница во постигнувањето мир во руско-украинскиот конфликт и порача дека процесот мора повторно да се активира.

„Веруваме дека би било корисно повторно да се активира истанбулскиот процес со посеопфатна содржина што ќе се занимава со акутните проблеми. Очекуваме сите наши партнери кои сакаат да го запрат крвопролевањето во регионот да покажат конструктивен пристап кон истанбулскиот процес. Веруваме дека истанбулските преговори претставуваат важна пресвртница во напорите за дипломатско решение во време кога разорните последици од војната сè повеќе се продлабочуваат“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Анкара, пренесе ТРТ Хабер.

Според него, продолжувањето на преговорите во Истанбул со посеопфатен и попрагматичен пристап би можело да придонесе за пронаоѓање патишта кон мир во Украина.

Ердоган потсети на хуманитарните резултати од трите рунди преговори што беа одржани во Истанбул и нагласи дека Турција е подготвена да разговара со Русија за предлози кои би можеле да го забрзаат прекинот на огнот и да го отворат патот за праведен и траен мир