Крајот на производството на Фокус веќе беше најавено, а сега е објавена и снимка од последниот модел.
Повеќето, особено оние кои размислуваат со емоциите на потрошувач, ќе се согласат дека е вистинска штета што Форд одлучил да ги укине своите најпопуларни модели. Имено пазарот го напуштија и Мондео, почитувана семејна и деловна лимузина (и караван), а потоа и Фиеста, еден од најпопуларните модели на европскиот пазар.

Третата жртва во „автомобилската жетва“ на Форд е Фокус, веројатно најзначајниот модел од европскиот Форд во овој милениум. Иако последниот Фокус наводно излегол од производствената линија во Сарлуис, Германија, компанијата сè уште ништо не објавила. Форд официјално не го потврди крајот на производството, но работниците отворено зборуваат за тоа, опишувајќи го крајот на моделот како „болен“ и „тажен“.
Trauig 😔
Posted by Frank Neukirch on Tuesday, November 11, 2025
Дополнително никој од управата Форд сè уште не посветил ниту една реченица на моделот што го обележа автомобилскиот свет и веројатно беше единствениот модел што можеше да се натпреварува со најдобрите, вклучувајќи го и Голфот.
Уште полошо, иднината на фабриката во Сарлуис изгледа многу неизвесна. Пред две години, Форд објави дека „спровел обемна потрага“ по стратешки партнер и потпишал необврзувачки договор со потенцијален инвеститор во јуни 2023 година. Сепак, неименуваниот инвеститор се повлекол по „темелна длабинска анализа и процес на преговори“.
Укинувањето на Фокус е најновиот удар врз европскиот огранок на компанијата, кој се бори со пад на продажбата во последните години. Компанијата, исто така, спроведува болни намалувања на работни места, а тука е и неуспешното партнерство со Фолксваген.
Фиеста се враќа?
Во вакви околности, Форд Европа доби нов претседател кој се соочува со тешки одлуки. Според „Automotive News“, Џим Баумбик ќе мора да одлучи се исплати ли користењето ма новата Универзална EV платформа во Европа, која прво ќе биде претставена на пикап од средна големина.
Доколку заклучи дека платформата не е соодветна за Европа, „Automotive News“ пишува дека Баумбик би можел уште посилно да се сврти кон партнерство со Фолксваген. Една можност е сосема нова Фиеста базирана на моделот „ID. Polo“. Овој модел се развива на новата „MEB Entry“ платформа и треба да чини помалку од 25.000 евра.

Иако останува да се види дали ова навистина ќе се случи, Форд веќе најави нов „повеќенаменски“ модел што ќе се произведува во Валенсија, Шпанија. Претходните извештаи сугерираа дека автомобилот, кој сè уште нема име, ќе пристигне во 2027 година и ќе биде кросовер со големина на Фокус.
Се вели дека ќе се произведува заедно со моделот Куга и ќе дели некои компоненти со него за да се намалат трошоците. Се очекува да биде достапен и во хибридни и целосно електрични верзии.













