Англија запиша осум победи на осум одиграни натпревари во квалификациската група за Светско првенство, но уште поимпресивна е статистиката која вели дека тимот на Томас Тухел даде 22 голови, а не прими ниту еден.
Германскиот стручњак пронајде вистински баланс и воспостави рамнотежа каква што не се памети во англискиот тим, а такво мислење дели и капитенот на тимот, Хари Кејн. Ѕвездата на Баерн по победата над Албанија нагласи дека ова е најдобриот англиски тим откако тој е дел од репрезентацијата, а позитивни заклучоци вади и Пол Сколс, легендарниот играч за врска кој верува дека Англија ќе се врати со злато од мундијалот наредната година.
– Навистина мислам дека овој англиски тим може да го освои Светското првенство, искрено верувам дека ќе го освојат. Знам дека ќе треба да ги победат најдобрите тимови на турнирот, но сметам дека со овој тренер тоа е возможно. Сметам дека Тухел е тренерот со кој можат да минат низ целната линија.
– Овој тим има голем посед на топката и изгледаат како играчи кои можат цел ден да доминираат против противникот. Мојот тим на Англија ќе немаше шанси за триумф, но овој англиски тим може да оди до крајот.
– Герет Саутгејт заврши извонредна работа со тоа што го зближи тимот и што направи добра група, но не можеше да го направи завршниот чекор. Сега имаме тренер кој безмилосен и на кого не му е гајле за индивидуалците. Се се сведува на тимот и уживам да гледам како го води тимот, – потенцира Сколс.







