Јокиќ правеше лудории на теренот, но и тоа не беше доволно за победа на Денвер

Дерби

18/11/2025

11:27

150

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ имаше сензационална партија и одново режираше низа лудории на теренот, но за жал и тоа беше недоволно неговиот Денвер да оствари победа против Чикаго.

„Биковите“ испуштија предност од 18 поени во првото полувреме и +13 во последната четвртина, меѓутоа сепак пронајдоа сила и мир во финишот и стигнаа до исклучително драматична победа со резултат 127:130.

Јокиќ во неколку наврати го враќаше Денвер во игра и се доби впечаток дека тоа ќе биде доволно за да се иницира пресврт, но гостите не се откажаа и успеаја да го анулираат трипл-дабл учинокот на Србинот.

Никола го заврши мечот со 36 поени, 18 скокови и 13 асистенции, но во последната секунда имаше и обид да погоди од исклучително тешка ситуација, нешто во кое сепак не успеа.

Покрај Јокиќ, импресивна партија имаше и Џамал Мареј со 34 поени, нешто што сепак не беше доволно да се скрши отпорот на „биковите“ кои имаа дури шест двоцифрени играчи во својот тим, од кои Гиди и Досунму беа најефикасни со по 21 поен.

НБА резултати:

Кливленд – Милвоки 118:116

Детроит – Индијана 127:112

Филаделфија – ЛА Клиперс 110:108

Мајами – Њујорк 115:113

Торонто – Шарлот 110:108

Минесота – Далас 120:96

Њу Орлеанс – Оклахома 109:120

Денвер – Чикаго 127:130