Бензема го состави најдобриот тим во историјата и ги стави Модриќ и Иниеста меѓу резервите

Дерби

18/11/2025

10:54

201

Големина на фонт

а а а

Карим Бензема направи ексклузивно интервју за „АС“ и се отвори на низа интересни теми поврзани за актуелноста во Саудиска Арабија и минатото во Реал Мадрид, но исто така доби за задача да бира и тим кој според него е најдобар во историјата.

Францускиот фудбалски мајстор ја круниса својата кариера во Европа со освоена „Златна топка“ откако освои се што може да се освои во Реал Мадрид, а од својата етапа во „кралскиот клуб“, не заборави да наброи четворица поранешни соиграчи во идеалниот тим.

Марсело, Пепе, Рамос и Кристијано Роналдо се соиграчите кои се најдоа во идеалната 11-ка на Карим, додека Лука Модриќ доби место на клупата на резерви.

Набројувањето на Бензема започна со Мануел Нојер како голман, во одбраната ги вметна Марсело, Рамос и Пепе, но место најде и за Дани Алвес од Барселона.

Во средниот ред направи изненадување бидејќи прв го спомена Погба, а во продолжение не ги заборави и Зинедин Зидан и Роналдињо.

Напаѓачката тројка ја започна со Роналдо Феномено, но меѓу најдобрите 11 ги вброја и Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Бензема се стави себеси на клупата за резерви, и тоа во друштво на Андрес Иниеста и Лука Модриќ.

Видеото погледнете го ТУКА.