Секоја година компанијата „Resonance Consultancy“ прави ранг-листа од 100 најдобри градови на светот.
Лондон останува на врвот на листата на градови, а Њујорк и Париз го следат на високите позиции.
„World’s Best Cities“ е годишен натпревар којшто го организира канадската компанија „Resonance Consultancy“, бирајќи 100 градови кои, според мислењето на експертите се најпривлечни за жителите, туристите и деловните луѓе. При оценување се земаат предвид и условите за живот и туристичките атракции, а овој натпревар се смета за еден од најверодостојните во светот.

Во споредба со минатата година, врвот на листата на градови не се сменил многу. И натаму води Лондон, а веднаш зад него се Њујорк, додека пак третото место го зазема Париз, а четвртото Токио.
Од првата петорка испаднал Сингапур којшто местото му го отстапил на Мадрид. Потоа следат Рим, Дубаи, Берлин и Барселона.
Лондон – најдобриот град на светот
Веќе 11 година по ред, Лондон е прогласен за најдобар град на светот. Освен квалитетот на живот којшто добил највисока оцена, експертите истакнале значајни податоци – тој го зазема првото место и по бројот на аеродроми и големи компании.

„Магнетната привлечност на Лондон и натаму ја привлекува глобалната публика, од студенти и претприемачи до туристи и деловни луѓе“, наведуваат авторите на извештајот.
Без оглед на предизвиците во изминатите години, Лондон моќно закрепнал по пандемијата. Во 2024 година меѓународните туристи потрошиле речиси 2 милијарди долари (во однос на 17,4 милијарди во 2023 година), надминувајќи ги дестинациите како Њујорк и Дубаи.
Лондон исто така е меѓу водечките градови во светот по директни странски вложувања во технологијата и има рекорден број на ресторани со Мишелинови ѕвезди.

Иако пазарот на станбени недвижнини е стабилен, Американците тоа го користат. Агентите за недвижнини велат дека се преплавени со купувачи од САД. Пазарот за деловни недвижнини исто така бележи раст, а според податоците, во првиот квартал од 2024 година американските инвеститори вложиле 3,78 милијарди долари во британски деловни недвижнини.














