[ВИДЕО] Рецептот кој како деца особено го сакавме: Направете мачкини очи како од слаткарница

Точка

17/11/2025

16:01

456

Големина на фонт

а а а

Ролат од банана, или како што популарно се нарекува „мачкини очи“, е десерт кој го привлекува вниманието со својот изглед и име.

Доста лесно се подготвува, а рецептот го најдовме на „YouTube“ каналот „Kuhinja za 10“, каде што можете да го најдете истиот рецепт и во ванила верзија.

Потребни состојки:

• 400 мл (+100 мл) млеко за пудинг;

• 8 лажици шеќер за пудинг;

• 2 кесички чоколаден пудинг;


• 100 гр чоколадо за готвење;

• 6 јајца;

• 6 лажици шеќер за пандишпан;

• 100 мл масло;

• 100 мл млеко за пандишпан;

• 6 лажици брашно;

• 1 кесичка прашок за пециво;

• 3 лажици какао во прав;

• 150 гр путер;

• 4 банани;

• сок од 1 лимон;

• шлаг.


Подготовка:

Прво направете го пудингот со додавање 8 лажици шеќер во 400 милилитри млеко. Оставете да зоврие и кога ќе зоврие, тргнете го од оган и додадете две кесички чоколаден пудинг, кои претходно сте ги измешале со 100 милилитри млеко.

Вратете го тенџерето на оган и мешајте додека пудингот не се згусне. Во меѓувреме, додадете 100 грама чоколадо за готвење. Оставете го пудингот да се олади.

Потоа подгответе го пандишпанот. Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките додека не се згуснат, а во жолчките додадете 6 лажици шеќер и матете со миксер. Додадете 100 милилитри масло и 100 милилитри млеко и малку измешајте.

Во друг сад додадете 6 лажици брашно, кесичка прашок за печиво и 3 лажици какао. Измешајте и соединете со смесата од жолчки и матете со миксер. Кога смесата ќе стане униформа, постепено додавајте ја смесата од белки и мешајте со лажица.

Истурете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и рамномерно распоредете ја. Печете 15 минути на 180 степени.

Додека се пече пандишпанот, изматете го путерот со миксер и соединете го со пудингот. Повторно изматете сè со миксер. Излупете 4 банани и прелијте ги со сок од лимон за да не попуштат.

Откако ќе се испече пандишпанот, намачкајте го кремот за пудинг врз него и наредете ги бананите. Обавезно ставете дел од смесата помеѓу бананите, а дел од смесата за пудинг оставете го за последниот слој. Превиткајте го пандишпанот од двете страни, намачкајте ја остатокот од смесата и декорирајте со шлаг.