Нигерија остана без СП, селекторот се пожали дека противникот користел вуду магии

Дерби

17/11/2025

12:18

268

Големина на фонт

а а а

Нигерија не обезбеди директен пласман на Светското првенство, а откако испадна на драматичен начин од африканскиот плејоф, стана јасно дека „зелено-белите“ нема да ги гледаме на мундијалот наредната година.

ДР Конго ја доби плејоф пресметката во пенал рулетот и обезбеди пласман во интерконтиненталниот бараж кој ќе биде последен чекор пред Светското првенство, но по крајот на средбата која во регуларниот дел заврши 1:1, селекторот на Нигерија се пожали дека противникот се служел со вуду магии за да се најде во завршниот плејоф.

Ерик Челе во разговорот со новинарите потврдил дека бил бесен на еден играч од противничкиот табор за време не пенал рулетот, бидејќи во даден момент забележал дека користи вуду магии кои често се пропагираат во Африка.

– За време на пенал рулетот, еден од играчите на ДР Конго правеше вуду. Секојпат правеше нешто со шише во раката, поради тоа бев малку нервозен.

– Не знам дали беше вода, или нешто друго, – објаснил нигерискиот селектор, кој инаку е роден во Мали.