Велјко Пауновиќ ја презема Србија со голем ентузијазам и оптимизам дека може да направи пресврт во завршните две рунди од квалификациите за Светско првенство, но уште по првиот стана јасно дека „орлите“ немаат шанси за мундијал.
Србија загуби од Англија и остана без шанси за мундијалски билет, па вчерашниот меч со Летонија беше чиста рутина, која сепак не беше воопшто лесна за надминување.
Србите правеа пресврт за да победат 2:1 против аутсајдерот, а српските новинари по средбата добија и непријатно изненадување, откако инсистираа да добијат позитивен одговор од селекторот на прашањата поврзани за неговата иднина.
Пауновиќ нема донесено одлука дали ќе ја води Србија на долгорочен план, при што најави дека ќе донесе конечна одлука после времето кое ќе го мине со своето семејство.
– Сите сценарија беа отворени, а со искуството кое го добив на овие два натпревари, ќе следи период кој ќе биде многу важен во донесување на мојата одлука. Сега не можам да кажам ништо за потенцијален договор, потребно ми е време. Човечки е да добијам време, да разговарам со семејството и советниците.
– Секогаш работам со полн гас, без разлика на се. Оваа работа е таква, морате да давате максимум во секое време, но не се прашувам само јас. Говорам резервирано бидејќи не е се во моја контрола. Дојдов да помогнам со најдобра намера, но полека ме нервира оваа ситуација со толку прашања за мојата иднина. Одговорив на сите прашања и сега одам да ја видам мојата мајка, моите родните кои ги немам видено повеќе од 35 години, – изјави Пауновиќ.






