НБА лигата понуди шест натпревари во неделната вечерна програма во Америка, а на половина од нив имаше огромна возбуда и дури три продолженија.
Се започна со тесната победа на Хјустон над Орландо (117:113), продолжи со триумфот над Далас над Портланд (138:133), а заврши со најлуд натпревар меѓу Јута и Чикаго кој беше и најефикасен од стартот на сезоната.
Џезерите на крајот победија со 150:147 благодарение на извонредниот Марканен, кој за 46 минути на паркетот успеа да запише 47 поени зад своето име.
На трите натпервари на кои се играше продолжение победи тимот кој беше домаќин, но интересно, на останатите три, славеа гостите.
Бруклин беше подобар од Вашингтон со 106:129, Атланта славеше во Феникс со 122:124, додека Голден Стејт го надигра Њу Орлеанс со 106:124.
Од овој натпревар ни пристигна и една сцена во која Дрејмонд Грин влезе во конфронтација со противнички фан, а по натпреварот откри како бил испровоциран.
– Фанот ме нарекуваше „женче“ на стартот на натпреварот, па иако прво го прифатив како шега, потоа продолжи да го прави тоа. Јас сум татко на четири деца и петтото ми е на пат. Јас сум повеќе од маж, – изјави Грин.
Draymond Green fighting a pelicans fan 😭😭😭pic.twitter.com/T8p1m1GrqE
— NBACentel (@TheNBACentel) November 17, 2025






