Шпанија ослободи играч на Реал и ја „поздрави“ Барса со соопштението

Дерби

17/11/2025

11:18

203

Големина на фонт

а а а

Шпанија ќе брка заверка на првото место и пласман на Светското првенство на натпреварот кој следи против Турција, но на средбата која се игра утре, Луис Де Ла Фуенте нема да може да смета на Дин Хаусен.

Во периодот пред да дојде ред за нови квалификациски средби, во шпанската јавност на големо се зборуваше и пишуваше за Ламин Јамал, а во период кога настана и мала „војна“ на релација Федераија-Барселона, доста внимание предизвика најновото соопштение од „фуријата“.

Ханси Флик како тренер на Барселона се пожали дека репрезентацијата не внимавала доволно добро на Јамал пред два месеци, па од тој момент, клубот на извонредниот фудбалер се погрижи Ламин да ги пропушти обврските кон Шпанија во октомври и ноември.

Последниот потег со ненајавена рехабилитација внесе немир во Федерацијата, а тоа може да се заклучи и од „поздравот“ кој го испратија во веста дека Хаусен се ослободен од репрезентацијата.

– Шпанската фудбалска Федерарција реши да го ослободи Дин Хаусен, цело време ставајќи го во прв план здравјето и благосостојбата на фудбалерот, – гласи соопштението, во кое се искористени зборови на Флик.

Стоперот на овој начин порано од предвиденото се враќа во Реал Мадрид, а клубот се очекува да излезе со соопштение околу тоа колку време ќе му треба за да ја санира повредата.