Донарума го крена гласот: Ова е неприфатливо

Дерби

17/11/2025

11:16

215

Големина на фонт

а а а

Џанлуиџи Донарума во последно време се навикна да сочувува „чисти мрежи“ како член на Манчестер Сити, но вчера прими дури четири гола од селекцијата на Норвешка, од кои два беа дело на клупскиот соиграч Ерлинг Халанд.

Норвешка потврди дека е најпријатно изненадување во квалификациите за Светско првенство и после 27 години обезбеди учество на еден мундијал, а тоа го направи со авторитетно издание на „Сан Сиро“.

Иако имаа негатива, избраниците на Солбакен се изборија за четири погодоци и убедлива победа од 1:4, по која Донарума како капитен на Италија го крена гласот пред новинарите.

– Не требаше да го примиме третиот гол, а четвртиот пристигна во самата завршница. Најголем проблем е тоа што престанавме да играме фудбал во вториот дел. Како да гледавме два целосно различни натпревари во првото и второто полувреме. Во првото не им дадовме да излезат од половина, но така треба да играме 95 минути, а не само 45.

– Ова е болен пораз и мора да ги подигнеме главите после вакво сценарио. На крајот, се ќе се одлучува во месец март, за нас клучни ќе бидат двата бараж натпревари кои ќе се одираат. Мора да ја вратиме самодовербата и сигурен сум дека Гатузо ќе ни помогне во тоа.

– Може да се случи да примите гол од добра селекција како Норвешка, но не е возможно целосно да се распаднете и целосно да ја загубите самодовербата. Целосно ја загубивме контролата врз мечот, а тоа е неприфатливо. Не може да се распаднеме после еден примен гол, мора да ги задржиме главите ладни кога примаме гол. Мора да го подобриме тоа, да работиме напорно и да го слушаме тренерот, – изјави Донарума.