Компанијата ICONIC LABS од Обединети Арапски Емирати ја освои престижната награда за категорија „Best Innovation: Filter Technology“ на „World Tobacco Middle East Expo“ во Дубаи, кој се одржа оваа недела на 11 и 12 ноември.
Наградата е заедничка со компанијата ARD Filters од ОАЕ – единствената лиценцирана компанија во светот што ги произведува иновативните филтри, додека компанијата ICONIC LABS ги води истражувањето и развојот, ја обезбедува заштитата на интелектуалната сопственост и е носител на патентните права за овие иновации.
Зад оваа технолошка иновација стои македонски тим кој разви решение поддржано со две иновации и две патентни апликации. Првата иновација е веќе официјално патентирана во 44 земји на пет континенти, а втората е со заштитени права на интелектуална сопственост во 179 земји ширум светот.
![]()
Важно е да се истакне дека иновацијата не останува само на хартија — веќе е успешно завршено тест-производство на готовиот производ, а во наредниот период се очекува неговото пазарно лансирање на глобално ниво. Филтерот, наречен A-Filter (adjustable filter), е прилагодлив и им помага на корисниците да ги усогласат своите секојдневни навики со поголема грижа за нивната здравствена состојба.
Организаторот на саемот оваа година додели награди во седум категории, меѓу кои:
• Best New Tobacco Product
• Best Innovation in Filter Technology (категорија во која ICONIC LABS и ARD Filters се победници)
• Best Innovation in Packaging Materials
• Best Innovation in Leaf Tobacco
• Best Branding and Marketing
![]()
• Best Innovation in Manufacturing Equipment
• Best ESG Initiative
Ова признание ја потврдува посветеноста кон иновации и дефинирање нови стандарди. Револуциониот филтер претставува значаен чекор напред — технологија создадена за подобри навики и поголема грижа за корисниците.
Со оваа награда, повторно македонски тим е признат како светски лидер во иновации — тим што создава стандарди и со силна мотивација ја обликува иднината.
![]()
На церемонијата за доделување на наградите, во име на компанијата ICONIC LABS наградата ја прими Сашо Трпески, лидер на проектот, кој заедно со тимот го реализираше и комплетираше развојот на иновациите од првата идеја, преку тест-производството, па сè до подготвеност за масовно производство.











