На социјалните мрежи вечерва се појави видео-снимка на која се гледа пожар кој зафати објект во Скопската стара чаршија. На снимките јасно се забележува развиен пламен и интервенција на противпожарните екипи на терен.
Засега нема официјални податоци за повредени лица, а причините за избувнувањето на пожарот сè уште не се утврдени. Надлежните служби работат на локализирање на огнената стихија и следење на состојбата.
Merr flakë objekti në Çarshinë e Vjetër të Shkupit 🔥⚠️
Posted by Valon Sallai on Thursday, December 4, 2025
Граѓаните се повикуваат да се држат подалеку од местото на настанот и да ги следат упатствата и препораките од службите за итни интервенции додека трае акцијата.







