[ВИДЕО] Правда за Кочани и убијци се скандираше на денешниот „Марш за ангелите“ пред Собранието на Македонија

A1ON.MK

15/11/2025

14:17

726

Големина на фонт

а а а

Во организацијата на Здружението на граѓани „16 Март 2025“ од Кочани и иницијативата „Кој е следен“, денеска, со почеток во 12.05 часот се одржa 30. протестен марш „Марш за ангелите“.

Семејствата на загинатите и граѓаните бараат правда за Кочани во пресрет на почетокот на судското рочиште за најголемата трагедија во поновата македонска историја. Според обвинителниот акт, во предметот Пулс, 34 физички и три правни лица се товарат за тешки дела против општата сигурност.

Маршот започна од плоштадот „Македонија“, а продолжи кон Собранието на Македонија.

„Правда за Кочани“ и „убијци“ се скандираше пред Собранието на Република Македонија.


Борјан Ефтимов од „Кој е следен?“ ги повика пратениците како што знаат да се соберат и итно да изгласаат мерки кои се за нивно лично или партиско добро, сега додека расправаат за Буџетот за идната година да се сретнат со семејствата на загинатите во Кочани и да донесат и мерки кои ги опфаќаат овие луѓе кои цела држава ги остави сами.


Потоа граѓаните се упатија кон Јавното обвинтиелство, а маршот ќе заврши пред Основниот кривичен суд.

Сопругата на Андреј од ДНК вели: Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности

Бараме да се утврди зошто институциите задоцнија. Никој не треба да живее во мислата дека некој можел да биде спасен, а не бил. Никое семејство не треба да носи болка, која е последица на ваков пропуст, негрижа или недејствување. Бараме да се утврди вистината, каде се случиле пропустите, кој не реагирал, кои институции задоцнија, кој ја имал должноста да спречи, а не спречил. Бараме посебна Анкетна комисија, затоа што имаме право сите на вистина. Истражувањето што се водеше остана нецелосно, со многу отворени прашања, без одговор и недоразјаснети околности. Ние семејствата останавме со сомнеж дека вистината овојпат е сокриена, кажа на денешниот марш во Скопје, Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК кој загина во пожарот во „Пулс“.

Ѓорѓиеска ги повика пратениците да помогнат во потрагата по вистината за трагедијата. Според неа, трагедијата во Кочани претставува сериозна навреда на најосновните човекови права – право на живот, на безбедност и право на навремено и ефективно постапување на институциите во ситуација со закана на живот.