[ВИДЕО] Крива Паланка најави блокада на магистралата во 11 часот поради кравите што се движат низ градот

Точка

21/11/2026

10:04

386

Големина на фонт

а а а

Жителите на Крива Паланка и околните села се повикани на мирен протест на клучката кај мотелот „Македонија“. Од надлежните бараат да ги спроведат решенијата за одземање на добитокот што слободно се движи низ општината.

За сабота, 21 ноември во 11 часот, во Крива Паланка е најавена блокада на магистралниот пат. Собирното место е клучката кај мотелот „Македонија“. Повикот за протест го упати градоначалникот Сашко Митовски до жителите на градот и околните села, објави Телма.

Жителите бараат институциите да го стават под контрола добитокот што се движи низ улиците и влегува во нивните имоти. Како причини за протестот ги наведуваат безбедноста на граѓаните и заштитата на имотот.

Архивска фотографија од Крива Паланка

Крива Паланка, јуни 2008 година. Фото: Man33m / Wikimedia Commons, CC BY-SA 3.0

На 18 ноември Митовски соопшти дека општината поднесува кривични пријави поради неспроведени извршни решенија за одземање на добитокот, пренесе „Мета“. Пред протестот, од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Фокус“ изјавиле дека дотогаш биле собрани 96 крави.

Прилог за најавениот протест. Видео: Телма