[ФОТО] Голем успех за македонските претставници на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Тбилиси – тетовчанка и охриѓанец се враќаат со титули

Макфакс

20/11/2026

14:11

805

Големина на фонт

а а а

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски постигнаа голем успех на светскиот избор Miss & Mister Planet 2026 во Грузија, освојувајќи вкупно три престижни титули и го истакнаа потенцијалот на македонската модна сцена на меѓународно ниво.

Македонските претставници Катарина Јовановска и Јасмин Мустафоски освоија вкупно три титули на престижниот меѓународен избор за убавина Miss & Mister Planet 2026, кој изминатиот викенд се одржа во Тбилиси, Грузија.

Во женска конкуренција, Македонија ја претставуваше тетовчанката Катарина Јовановска, која со својот настап, харизма и елеганција оствари значаен успех, освојувајќи ја титулата третa придружничка.


Одличен пласман забележа и македонскиот претставник во машка конкуренција, Јасмин Мустафоски од Охрид, кој се закити со две титули – четврти придружник и најдобар фотомодел (Best Photo Model).


На годинешното издание на Miss & Mister Planet, титулата во женска конкуренција ја освои претставничката на Романија, додека во машка конкуренција победи претставникот на Индија.


Катарина и Јасмин се членови на Модното студио „Црнокрак“, кое е официјален носител на лиценцата за Македонија за овој престижен светски избор за убавина.

Со освоените три титули, македонските претставници уште еднаш го потврдија потенцијалот на домашната модна сцена, успешно претставувајќи ја Македонија на меѓународно ниво.