Паднал на возачкиот испит 128 пати: Кога ќе чуете колку пари потрошил на тестови – ќе ве заболи глава!

Точка

11/11/2025

17:04

622

Големина на фонт

а а а

Новите податоци од британската автошкола „AA“ откриваат дека еден кандидат паднал на теоретскиот испит дури 128 пати, што го чинело околу 3.300 евра!

Друг кандидат успеал да го положи испитот дури во 75-тиот обид, со вкупен трошок од приближно 1.900 евра.

Удар по џебот

Секој обид за полагање на теоретскиот тест чини 26 евра и вклучува прашања со повеќекратен избор и видео-снимки за проценка на опасности во сообраќајот, пренесуваат локалните медиуми.

Податоците од британската Агенција за стандарди на возачи и возила („DVSA“) покажуваат дека минатата година просечниот број обиди за полагање на теоретскиот тест бил 21, додека две лица безуспешно го полагале практичниот испит 37 пати, трошејќи околу 2.500 евра по лице.


„Кандидатите го потценуваат испитот“

Процентот на положени испити во фискалната 2024/25 година во Велика Британија изнесувал 44,9 отсто за теоретскиот и 48,7 отсто за практичниот тест.

Директорката на автошколата „AA“, Ема Буш, изјави дека „повторувањето на материјалот е клучот на успехот“ и предупреди дека многу кандидати „ја потценуваат тежината на теоретскиот испит“.