[ВИДЕО/ФОТО] „Qantas“ го претстави авионот кој ќе овозможи најдолги летови досега – ќе може да лета дури 22 часа без прекин

Точка

11/11/2025

16:33

1.169

Големина на фонт

а а а

Австралиската авио-компанија „Qantas“ го претстави својот нов авион за кој велат дека е „подготвен да ја освои последната граница на патувањата на долги релации“.

Станува збор за модел способен да лета до 22 часа без прекин, што ќе овозможи најдолги комерцијални летови во светот – без трансфери.

Моделот „Airbus A350-1000ULR“ веќе е составен и ќе биде преместен во нов хангар каде што ќе му бидат вградени моторите и инструментите за тестирање, предвидени за 2026 година. „Qantas“ засега објави први фотографии од специјално конфигурираниот авион, направени додека сè уште бил на производната линија во Тулуз.

Qantas's new Airbus A350-1000ULR will fly the Sydney-London-New York route, a 22 hour nonstop flight.It has 238 seats, 20,000 of extra fuel capacity and a 'Wellbeing Zone' to stretch your legs mid-air.
byu/Twitter_2006 inaviation

Овој модел ќе може директно да го поврзува источниот брег на Австралија со Лондон и Њујорк, без слетување или трансфер, што ќе претставува најдолги комерцијални летови досега. Покрај тоа, летовите на овие релации ќе бидат пократки за околу четири часа во споредба со сегашните линии што вклучуваат трансфер од еден на друг авионски лет.


Ваквиот екстремно долг лет – до 22 часа во воздух – станува можен благодарение на унапредени системи и дополнителен резервоар за гориво со капацитет од 20.000 литри. Кабината, исто така, е целосно редизајнирана: има помал број седишта (238 наместо вообичаените 300+) со цел да се зголеми удобноста на патниците за време на долгиот лет.

Првиот од вкупно 12 нови авиони ќе биде испорачан кон крајот на 2026 година, а комерцијалните летови со овој модел се очекува да започнат во првата половина на 2027 година.