Полицаец продавал дрога додека бил на работа

Макфакс

23/11/2026

12:10

190

Големина на фонт

а а а

Затворски полицаец од Струмица е пријавен за продажба на дрога и други криминални дела додека бил на работа, поради што му е определен притвор од 30 дена.

Полицијата поднесе кривична пријава против затворски полицаец, бил како продава дрога додека бил на работа.

Според информациите на МВР, СВР Струмица, до Основно јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.С.(50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и „кражба“.

На 21.11.2026 во близина на Затвор Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Р.С..

Тој, на работното место како затворски полицаец, пред затворот во Струмица се обидел да изврши продажба на кокаин на друго лице, при што кај него биле пронајдени три пакувања со кокаин. Од дополнително преземените мерки, извршените претреси во домот на пријавениот и во службени простории кои ги користи тој во затворот биле пронајдени повеќе пакувања со кокаин, пакување со марихуана и дигитална вага.

Исто така, од извршениот претрес во службен ормар, кој го користел пријавениот, биле пронајдени и куршуми за пиштол чија количина била поголема од онаа која ја имал задолжено како затворски полицаец. Воедно, при претресот бил пронајден и паричник, кој потекнува од кражба пријавена на 21.11.2026 година.

За сите преземени мерки бил известен јавен обвинител, а Р.С. бил задржан во Полициската станица Струмица. По поднесување на кривичната пријава тој бил изведен пред надлежен судија, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена