Наместо одење во аптека, многумина денес се свртуваат кон природни рецепти кои благотворно делуваат на организмот. Еден од најефикасните, особено во студените месеци, е домашниот сируп од ловоров лист.
Ова е едноставен и ефективен начин да го смирите грлото, да ја ублажите кашлицата и да го зајакнете имунитетот – а можат да го користат и деца и возрасни.
Ловорот никогаш не служел само како зачин. Неговите антивоспалителни и антисептички својства го прават силен сојузник во сезоната на вируси и настинки. Природното етерично масло од ловор ги прочистува дишните патишта, го дезинфицира просторот и го олеснува дишењето, а листовите се богати со минерали и витамини од групата Б.

Затоа овој сируп стана неизбежен домашен лек против кашлица во многу семејства – идеален за зимскиот период, но и превентивно во текот на целата година.
За него ви се потребни:
• 6 парчиња сув ловоров лист
• 1 лимон
• 3–4 кафени лажички кафеав шеќер или мед
Подготовка:
Во сад зовријте 2,5 дл вода. Додадете ги парчињата ловоров лист и варете со капак околу 5-10 минути.
Потоа извадете ги листовите, а течноста префрлете ја во друг сад. Додадете кафеав шеќер или мед и сок од еден лимон, па добро измешајте.
Сирупот може да се чува и надвор од фрижидер. Се зема наутро и навечер, а може и преку ден – нема да штети.

Децата можат да пијат по една мала лажичка дневно.
Ако кашлицата е силна, во сирупот може да додадете неколку листови свежо нане. А ако не сте болни, можете да го земате превентивно – секое утро по една кафена лажичка.
Кашлицата ќе се смири, а потоа и целосно ќе исчезне. Овој сируп е совршен избор за зимските денови, а можете да го користите и како превенција.







