Светската спортска јавност се разбуди со една тажна вест која пристигна од Америка, а истата е поврзана за човек кој имаше огромно значење како играч, но и како тренер во НБА лигата.
Легендарниот Лени Вилкинс починал на 88-годишна возраст во моменти кога бил опкружен од неговото семејство, информација која официјално ја потврдија членови на неговото најблиско опкружување и која експресно стана топ тема во НБА лигата.
Вилкенс остави огромно наследство во американската кошарка како човек кој три пати беше приман во „Куќната на славните“, најпрво како играч, потоа како тренер, а на крајот и како помошник тренер на „Дрим-тимот“ од 1992-ра година.
– Лени Вилкенс го претставуваше најдоброто што може да се понуди од НБА лигата. Тој е играч и тренер од Куќата на славните и еден од најпознатите амбасадори на нашата игра.
https://t.co/2PEfHGnjO1 pic.twitter.com/uxjavgMwq9
— NBA (@NBA) November 9, 2025
– Тој толку беше важен за нас, што пред четири години доби уникатно признание да биде избран меѓу најдобрите 75 играчи и најдобрите 15 тренери на сите времиња, – изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.
Вилкенс девет пати во својата играчка кариера беше дел од Ол стар натпреварите, беше прв тренер кој оставри 1000 победи во НБА лигата, како и втор човек кој влегол во Куќата на славните како играч и тренер.
RIP LENNY WILKENS
— Ballislife.com (@Ballislife) November 10, 2025
He was inducted into the Hall of Fame THREE TIMES: Player, Coach & 92 Dream Team
pic.twitter.com/742co6Kb9z






