Постојаната борба против појава на акните или црвенило и лузни создаваа непријатно чувство. Влијае на самодовербата, на повлекување од социјалните интеракции. Акните знаат да предизвикаат разочараност!
За еден млад човек истоштувачки е да се пробуваат разни производи и да не се знае дали ќе го подобрат или влошат здравјето на кожата.
Наоѓањето на вистинскиот производ за нега на кожата, ми се чинеше како да барам игла во сено. Се решавав и за терапии со медицински рецепти, но за мене не беше тоа трајно решение. За Eucerin DERMOPURE CLINICAL слушнав од мојата најдобра другарка, таа веќе користеше и најпрво се обидов со нејзиниот производ за да се уверам дека тоа е колекцијата за мене. Таа ми објасни дека Eucerin DERMOPURE CLINICAL корективен крем-флуид со тројно дејство е најдобро да се користи заедно со гелот за измивање, кој ги таргетира нечистотиите, ги намалува трагите од мозолчиња и го контролира сјајот. Моето искуство како тинејџер кој во својот средношколски период се соочил со предизвикот акни значеше барање на решение што побрзо и што поефикасно, изјави 20 годишен студент од Скопје.
Да се интегрираат барем овие два производи во дневната рутина мене не ми претставуваше тешкотија и не ми одземаше време. Веднаш забележав промени по неколку недели секојдневна нега. Воспалението прво почна да се намалува а потоа сосема исчезна. Производите воопшто не ја исушија мојата кожа со што се соочував константно во минатото.
Содржи моќни и ефикасни состојки како што е Ликохалкон А и технологија за регулирање на вишокот себум. Потоа Салицилната киселина која пенетрира во порите, ги отвара и го намалува растот и размножувањето на бактериите што предизвикуваат акни, а со тоа ја спречува нивната појава во иднина.
Ликохалконот А е антиинфламаторна состојка, која го намалува црвенилото и ја смирува иритацијата на кожата, а со регулирање на себумот се контролира и вишокот на производство на маснотии во кожата што е причина за појава на акни, овозможувајќи кожата да се обнови и да добие чист и рамномерен тен.

Ова искуство ме научи дека за битка против акните важно е да се најде линија за нега на кожата што е специфично таргетирана за проблемот со кој се справуваме. Вредноста на трпеливоста во мојот случај се исплатеше, но и конзистентноста во рутината и целокупната секојдневна нега и лична посветеност.


Комерцијален текст











