[ФОТО] Го покори Њујорк во креација која го истакнува секој милиметар од нејзината фигура: Актерката се појави со потполно различна фризура и навистина изгледа перфектно

Точка

09/11/2025

14:10

1.790

Големина на фонт

а а а

На неа ѝ е сосема лесно да го распамети модниот свет. Без разлика во што ќе се појави, Ева Лонгорија секогаш успева да нè натера да заборавиме кој ден е денес, месец или година...

За посилниот пол – тивок копнеж, за понежниот – вечна инспирација, заводливата актерка повторно блесна пред неколку вечери во Њујорк, во елегантна и гламурозна креација со интересен крој.

Ева Лонгорија беше најголемата ѕвезда на гала-настанот „Maestro Cares Foundation“, одржан на Менхетен во организација на пејачот Марк Ентони. Настанот беше и совршена прилика за премиера на нејзината нова фризура, со која актерката неодамна се пофали на Инстаграм – подолг, брановиден боб што совршено ги истакнува цртите на лицето и ги следи актуелните трендови за сезоната 2025/26, а во исто време е и минималистички и елегантен.


Дека не згрешила со оваа сестрана фризура, Лонгорија потврди и пред неколку вечери, кога буквално блескаше додека позираше со пријателите пред прочуениот њујоршки ресторан „Cipriani“, каде што беше организирана 12-тата по ред хуманитарна вечер „Maestro Cares“, под наслов „Changing Lives, Building Dreams“. Новата коса совршено се вклопи со нејзиниот беспрекорен стајлинг – и тоа никој не го доведува во прашање.

За церемонијата, Ева избра долга, елегантна црвена креација на брендот „Rachel Gilbert“. Моделот „Tesa“ со откриени рамена ѝ ласка на силуетата, бидејќи е вешто дизајниран да ја нагласи фигурата – а кај неа, навистина нема што да се замери.


Особено впечатлив е горниот дел – корсет кој се извива во средината на градите во форма на асиметрично латинично „U“, додека светкавите детали по рабовите ѝ даваат суптилна, но изразена доза на гламур. Според официјалниот сајт на брендот, оваа тоалета, достапна и во црна варијанта, чини 1.895 долари.

Сè на сè – перфектно!