Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален Фејсбук профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата.
„Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
♥️ Нашето убаво Скопје!
Чисто и достоинствено!
Posted by Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski on Saturday, November 8, 2025
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши вечерва.
Согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот, деновиве со механизација и рачно се чистат коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.
















