Денеска топло со повремена облачност, попладне услови за невреме – жега до крајот на седмицава

Нетпрес

24/08/2026

07:09

233

Големина на фонт

а а а

Во понеделник на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно и топло со сончеви периоди. Според прогнозата на УХМР, попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури се во опсегот меѓу 16 и 22, додека највисоките во текот на денот ќе достигнат вредности од 29 до 38 Целзиусови степени.


Во Скопје и околината денска, исто така, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе достигне до 36 степени.