Младите ја губат трката со квадратите – пазарот бега од реалноста

Денар

07/11/2025

11:16

1.301

Големина на фонт

а а а

Да се купи стан од 70 квадрати во Македонија станува сѐ потешка мисија за обичниот граѓанин. Според најновите анализи, доколку едно лице ја штеди целата своја плата, без да потроши ниту денар на храна, сметки или други потреби, ќе му бидат потребни дури 14 години за да стигне до сопствен дом.

Со тоа, земјава се наоѓа меѓу најнеповолните во регионот по прифатливост на станбениот пазар, веднаш зад Унгарија и Црна Гора.

Просечната плата во Македонија е околу 40.000 денари, додека квадратниот метар станбен простор во Скопје во новоградба чини меѓу 1.500 и 2.500 евра.

Едноставната математика покажува дека за еден просечен стан вреден околу 120.000 евра, граѓанинот би требало целосно да се откаже од секојдневниот живот во наредната деценија и половина.

„Тоа е невозможна сметка за реалноста во која живееме“, велат економски аналитичари, кои потсетуваат дека ниту кредитите веќе не се лесно достапни, а каматните стапки растат.

Познавачите на пазарот на недвижности објаснуваат дека во последните пет години, цените на становите во главниот град пораснале за речиси 70 проценти, додека платите, во најдобар случај, за 20 проценти.


Таквиот јаз создава, како што велат, генерациски притисок врз младите семејства, кои или остануваат под кирија, или се задолжуваат за целиот работен век.

„Во реални услови, ако некој сака да купи стан и притоа сака да живее нормално, му требаат барем 25 години редовна отплата на кредит, со ризик при секое зголемување на ратата“, коментира еден економист, додавајќи дека сè повеќе луѓе се откажуваат од идејата за сопствен дом.

Од друга страна, градежните компании се бранат дека цените се диктирани од поскапувањето на материјалите и земјиштето.

„Ниту бетон, ниту железо, ниту енергија се истите како пред пет години“, велат од браншата, наведувајќи дека трошоците за изградба се зголемени двојно.

Но експертите потсетуваат дека тоа не ја менува суштината дека пазарот е веќе недостапен за најголемиот дел од населението.


„Кога граѓаните немаат пари, а цените растат, се создава илузија дека побарувачката е стабилна. Но всушност, тоа е пазар на кој луѓето повеќе гледаат отколку што купуваат“.

Проблемот, велат упатените, е што во Македонија речиси и да нема долгорочна државна стратегија за станбено домување.

Програмите за субвенционирани кредити се или исцрпени, или нефункционални, а јавниот сектор не нуди алтернативи.

„Ниту државата гради, ниту им помага на младите. А приватниот пазар е дива џунгла во која преживуваат само оние со наследство или со добра врска во банка“, заклучува урбанистички аналитичар од Скопје.

Во меѓувреме, бројот на издадени хипотекарни кредити стагнира, а побарувачката за станови се префрла кон периферијата на градовите.

Остатокот од текстот можете да го прочитате ТУКА.