Скопје на светската „стенд-ап“ мапа!

Точка

05/11/2025

14:14

212

Големина на фонт

а а а

Австралискиот стендап комичар, актер, подкастер, ТВ водител и писател – Џим Џефрис, со своето најново шоу";Son of a carpenter";, во Скопје!

По Барселона, Парис, Лондон, Атина, Виена, Милано, едно од најактуелните имиња на светскиот стенд-ап, доаѓа и во нашата престолнина.

Датумот е 5 декември во салата СЦ Јане Сандански и претставува дел од неговата мега успешна 40-ет дневна европска турнеја.

Џим Џефрис несомнено се вбројува во најпознатите имиња во светската комедија денес. Со својата неоспорена харизма, посветеност на занаетот и кариера која трае повеќе од 20 години- Џим успева истовремено да шармира и предизвика, насмевајќи ја публиката до солзи.


Со интелигентни рутини кои опфаќаат секојдневни, ама и помалку секојдневни теми, Џим често настапува на турнеи ширум светот – распродавајќи огромни стадиони и сали како Madison Square Garden, Carnegie Hall и O2 Arena во Лондон. На фестивалот „Just for Laughs“ во Монтреал во 2019 година, Џим беше прогласен за стендап комичар на годината.

Се сеќаваме на неговата наградувана серија „Legit“, како и на „The Jim Jefferies“ шоуто на Comedy Central кое доби номинација од Writers Guild of America за Најдобра комедија. Секако, прилично се „свежи“ и неговите шест Netflix special шоуа реализирани во меѓувреме.


Етаблираниот американски медиумски гигант Форбс (Forbes), за него напиша: „Бестрашен, суров и остар. Ако Хемингвеј имал другар за пиење, тоа би бил Џим.“

Не дозволувајте другите да ви раскажуваат, историјата се испишува сега. Вашата карта купете ја ТУКА.