„Видов дека не е македонското знаме, не сум луда“: Цеца детално објасни што се случило на концертот во Велес – „Не знаев дека толку не се сакаат...“

Точка

05/11/2025

14:55

7.739

Големина на фонт

а а а

По скандалот што го доживеа Цеца Ражнатовиќ во Велес, кога пред полна сала се завитка во бугарското знаме, страстите не стивнуваат. Пред два дена, Ражнатовиќ на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ им даде изјава на присутните медиуми, а токму таа нејзина изјава предизвика вистински хаос на социјалните мрежи и во медиумите.

Сепак, Цеца уште веднаш по концертот дала изјава која дури вчера се пласираше во јавноста. Во неа, пејачката подетално ја објаснила целата ситуација и раскажала што точно се случило таа вечер.

„Еден мој обожавател ми го подаде бугарското знаме, и јас, како и насекаде во дијаспората, каде што ми подаваат различни знамиња, го прифатив со чест. За мене е огромна чест кога некој ќе ми го даде своето знаме, и тоа сум го зборувала и порано. Се завиткав во знамето, и одеднаш почнаа свирежи. Не знаев за што станува збор, си помислив дали можеби го свртев знамето наопаку. Гледам, не е македонското знаме, не сум луда, ама тоа никогаш досега не ми се случило, никаде...“, изјавила Цеца.


„Не знаев дека толку не се сакаат“

„Бев целосно збунета. Пријде Мики Секуловски и ми вели: „Знамето, знамето!“. Јас го прашувам: „Што е со знамето?“, а тој ми вели: „Брзо тргни го знамето“. Сето тоа се случуваше во секунди. Му велам: „Зошто, што се случи со знамето?“, а тој ми кажува: „Бугарско е знамето“, а јас му велам: „Добро, па што?“. Тој само повторува: „Тргни го знамето!“. Јас го тргнав знамето и навистина немав поим што се случува. Навистина не знаев дека толку не се сакаат и мене ми е многу жал ако повредив нечии чувства.

Јас ниту се занимавам со домашна политика, а уште помалку со соседна – кој кого сака, кој кого не сака. Искрено се трудам преку моите песни да шириме само љубов меѓу луѓето, и тоа трае веќе цели 38 години, и така ќе продолжи. Ако вечерта несвесно сум повредила нечии чувства, се извинувам најискрено, затоа што тоа навистина не ми беше намерата“, изјави Цеца, која подоцна на концертот го држеше македонското знаме.

„Никогаш не сум сакала да повредам ничии чувства“

„Потоа настана вистински делириум, затоа што не сакам некој да помисли дека тоа било намерно. Апсолутно немам никаква врска со такви работи. Никогаш не сум сакала да повредам ничии чувства, затоа што ги почитувам државните симболи, верата и националноста на сите луѓе. Истото го очекувам и за себе – затоа што ако не го почитуваш своето, не знаеш да го почитуваш ни туѓото“, изјавила Цеца за „Телеграф“ веднаш по концертот што го одржа во Македонија.


„Не е ништо необично што секогаш со радост го прифаќам секое знаме од мојата публика бидејќи тоа е моја публика, мој народ, мои луѓе. Нас нè поврзува љубовта кон песната, без разлика од каде доаѓаме. Жал ми е ако тој чин некого повредил – тоа навистина не ми беше намера, а најмалку да ги навредам домаќините. Верувам дека тоа го знаете. Ви благодарам за прекрасната вечер, за енергијата, љубовта и спомените што ги создадовме заедно“, изјави Цеца, која во Велес, како што вели, одржала концерт во траење од два часа.

A на реакциите на социјалните мрежи, Цеца одговори:

„Реакциите се случија во салата, меѓу мојата публика и мене. Ние знаеме како си поминавме – што беше убаво, а што помалку убаво, во концертот што траеше два часа. Тоа е најважното. Нема да се занимаваме со реакциите на социјалните мрежи, затоа што сите ние што бевме заедно таа вечер во Велес – знаеме што навистина се случи. Ништо и никој не може да застане меѓу мојата публика и мене“.