Нејмар правеше нова пауза од 40 дена поради повреда на квадрицепсот, но враќањето на теренот го одбележа во свој препознатлив стил, односно со потег кој брзо се најде во центарот на вниманието.
Бразилската ѕвезда се врати на теренот против Форталеса и доби шанса во последните 20-тина минути, период кој беше доволен за да изведе еден необичен слободен удар.
Нејмар потсети на времето кога изведуваше пенали со „парадиња“ техниката, но ако истата доби забрана за употреба од ФИФА при изведување пенали, во моментов не постои такво правило за прекини.
Популарниот Неј со лажен залет го измами живиот-ѕид, а неговиот удар во продожение одеше преблиску до голманот кој имаше лесна задача да интервенира.
Без оглед на тоа што обидот не заврши со гол, овој потег на Неј брзо се најде во центарот на вниманието и послужи како момент кој е на големо коментиран на социјалните мрежи.










