Марко Асенсио направи трансфер во Турција и потпиша за Фенербахче, но мораше да чека до вчера за да биде дел од едно големо дерби во оваа земја.
Турските дерби пресметки традиционално носат многу жар, борба, остра игра и доста спорни ситуации, а исклучок не беше и вчерашниот меч меѓу Бешкиташ и Фенербахче.
Домаќините рано поведоа со 2:0 и се доби впечаток дека се на добар пат да остварат победа, но работите драстично се променија кога Кокчу доби директен црвен картон во 26-та минута.
По неколкуминутна пауза, играта продолжи со гол за 2:1, но пред да дојде до тоа, Марко Асенсио мораше да добие лекарска асистенција. Шпанецот беше погоден со тврд предмет во моментите кога сакаше да изведе корнер, па одговорноста му препадна на друг соиграч кој испрати одличен центаршут.
Во продолжение, Асенсио се запиша во листата на стрелците и постигна гол за 2:2, а до крајот, неговиот тим направи и целосен пресврт во голема драма која заврши со 2:3.
Ударот во глава погледнете го ТУКА.
Kontrol. Vuruş.
— De Marke Sports (@demarkesports) November 3, 2025
Marco Asensio. Büyük maç oyuncusu.pic.twitter.com/MmdL09FM8E






